Туја Смарагд | 60/70cm (2 литарска)

Попуст 35%

Цена:
ден 550 ден 850

Description

Thuja Smaragd – Зимзелено дрво со компактна тесно-пирамидална крошна и темно зелена боја на иглиците. Популарна Thuja број 1 во уредувањето на дворови и паркови и е составен дел од речиси секој план за хортикултурно уредување.

  • Достигнува висина од 4-6 m и ширина 1-1,8 m.
  • Годишно прираснува околу 15-20 cm.
  • Отпорен на суша
  • Кроењето се препорачува да се изврши напролет, пред да започне новиот раст.
  • Смарагдно зелената боја која ја задржува преку целата година
  • Тесно-пирамидалниот хабитус со правилен распоред на гранчињата и минимална потреба од нега и одржување
  • Толерантна е на јака сенка и студенило, полусенка, а доста добро поднесува сончеви позиции.
  • Има умерена потреба од вода,бара средно влажно земјиште, добро дренирано и исушено, кисело до неутрално.
  • Најоптимално растојание на садење е 70 cm.
  • Доколку се сади во жива ограда, растојанието на садење помеѓу две садници треба да варира од 70 cm до 120 cm (1,2 метри)
  • Наменета за садење во жардиниери – саксии за хортикултурно уредување на балкони, тераси, локали, деловни објекти итн.
  • Поднесува корективно кроење
  • ВАЖНО! – Почвата се прихранува рано напролет за да може да се постигне брз раст и напредок и сјајна и интензивна боја

Можеби би ве интересирало

Recently viewed