Последно променето/дополнето на: 18.04.2024

Политиката за заштита на лични податоци информира за практиките за приватност на интернет страницата Woooper, и искажува како АДБАРКАДЕРО ДООЕЛ (“Woooper”, “нас”, “ние” и “нашите”) ракува со Вашите податоци и истото се однесува на нашата интернет страница www.Woooper.com, мобилната верзија на интернет страницата, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените e-mail пораки од нас. Со Политиката за заштита на личните податоци се констатира правото на приватност и сигурност на Вашите лични податоци кои се цел на обработка. Ве замолуваме да ја прочитајте Политиката за заштита на лични податоци и од време на време да ја проверувате истата како би биле во тек со најновите податоци од нашата практика за Вашата приватност. Со пристaпување и/или со користење на нашата интернет страница значи дека се согласувате со сите услови кои се дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата интернет страница. Доколку не се согласувате со истите, ве молиме напуштете ја оваа страна и не ја употребувајте понатаму.

Повремено, оваа Политиката за заштита на лични податоци ќе биде променета и дополнета како би ги содржела сите наши нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на интернет страницата. Можете да се информирате кога оваа Политика за заштита на лични податоци била последен пат променета или дополнета според датумот објавен горе под „Последно обновено/дополнето на: “.

Собирањето на личните податоци на оваа интернет страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.

Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин:

  1. Видови податоци кои ги собираме
  2. Избор на крајниот корисник за зачувување и употреба на податоците
  3. Како Woooper работи со податоците
  4. Во кои случаи Woooper открива податоци 
  5. Како Woooper собира податоци
  6. Безбедност на податоците
  7. Пристап и вршење промена на Вашите податоци
  8. Друштвени мрежи
  9. Приватност на трети страни
  10. Политика за заштита на личните податоци на малолетни лица
  11. Терминологија
  12. Контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци

1. ВИДОВИ ПОДАТОЦИ КОИ ГИ СОБИРАМЕ

Ние собираме два вида на податоци на нашата интернет страница од нашите корисници—Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:

– пристапувате кон и/или ја користите нашата страна.

– се регистрирате, зачленувате и/или креирате личен профил на Woooper.com.

– ги отворате и/или одговарате на email пораките кои Ви ги испраќаме.

– остварувате контакт со нашата корисничка поддршка.

– оставате податоци за да се вклучите или учествувате во програми и настани организирани од или за сметка на нашите Бизнис Соработници.

– оставате коментари на страната.

– ја посетувате било која интернет страница која прикажува наши реклами или содржини.

– купувате производи преку нашата страна.

– се конектирате на страната преку социјални мрежи.

– давате информации на наши Бизнис провајдери.

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Лични податоци се податоци кои служат за идентификација на одреден краен корисник. При вклучување во некои активности кои се на нашата интернет страница, како на пример креирање на Ваш профил, порачување производ од нас или од нашите бизнис соработници, објавување содржина во форуми за дискусија, пријавување на натпревар или (наградна) игра спонзорирана од нас и/или нашите бизнис соработници, пополнување на анкета на нашата интернет страна, објавување на мислење, испраќање повратни податоци на нас или нашите бизнис соработници, барање податоци за нашите производи, барање на договор за соработка, објавување видеа или регистрирање за специјални понуди од трети лица преку интернет страницата (“Активности за Идентификација”), ние од Вас може да побараме да обезбедите неколку лични податоци. Не е задолжително да се вклучите во некоја активност која бара лична идентификација. Доколку одберете да се вклучите во некоја од активностите кои бараат лична идентификација, може да биде побарано од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како што се: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), e-mail адреса, телефонски број и датум на раѓање. При нарачување производ, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на ХалкБанк. Ќе забележите дека некои од податоците се задолжителни, а некои се обележани како доброволни, во зависност од активноста која ја исполнувате. Доколку за некоја активност која бара пополнување на задолжителните податоци, и истите не ги обезбедите, на Вас нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.

Користењето на личните податоци од наша страна се за на Вам да Ви обезбедиме производи, за администрирање на (наградни) игри и натпревари, за да го подобриме искуството на интернет страницата, за да ги подобриме нашите маркетинг и промотивни цели, да ја анализираме корисноста на интернет страницата, за да ги подобриме нашите понуди за производи, и да го адаптираме вашето искуство со трети лица како што е и предвидено во Политиката за заштита на лични податоци. На пример, доколку испратите e-mail до нашата корисничка поддршка, ние би можеле да ги употребиме вашите коментари и повратни податоци како би им кажале на другите за нашите услуги, или исто така, би можеле да го објавиме Вашиот коментар за нашите маркетинг цели, или истиот да биде објавен на нашата интернет страна. Вашите коментари може да ги содржат личните податоци како што е вашето име, но ние ќе побараме претходна согласност од Вас како би го објавиле Вашето име заедно со Вашиот коментар. Покрај тоа, ако ја користите нашата интернет страница да испратите информација или производ на друго лице, може да ги зачуваме вашите лични податоци. Дополнително, исто така можеме да ги користиме Вашите лични податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите Услови на користење и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон.

НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Не-лични податоци се податоци кои не служат за идентификација на крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор (“URL”) на интернет страницата која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата интернет страница, URL на интернет страницата која сте ја посетиле по напуштањето на нашата интернет страница, типот на пребарувачот што го користите и вашиот Интернет протокол (“IP”) адреса. Ние, и / или нашите овластени трети странки Бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата интернет страница преку употреба на електронски алатки како “Cookies” и Web beacons или Пиксел тагови, како што е опишано во точките 4 и 8 на оваа Политика за заштита на лични податоци.

2. ИЗБОР НА КРАЈНИОТ КОРИСНИК ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ И УПОТРЕБА НА ПОДАТОЦИТЕ

Податоците се користат со добра мисла и цели да го подобриме вашето искуство, сепак вие секогаш можете да одберете да не ги оставате Вашите податоци или да ограничите кои податоци ќе ги оставите доколку има потреба, како и да ја ограничите комуникацијата која Woooper ја има со вас.

(а) E-mail пораки со промотивен материјал

Во секое време можете да одберете да не ги добивате e-mail пораките од нас со промотивен материјал со следење на инструкциите кои се содржани во секој промотивен e-mail испратен од Woooper. Доколки не сакате да добивате ваков тип на e-mail пораки од нас, во секое време може да одберете да не ги примате со притискање на “отчлени се” копчето на дното, кое го има во секоја од нашите e-mail пораки и понатаму следете ги инстукциите за да го завршите отчленувањето. Во секој случај,  Ве молиме имајте предвид дека иако се отчлените од добивање промотивни пораки, ние сепак се уште може да ви испраќаме не-промотивни e-mail пораки за Вашите извршени трансакции, активности на Вашиот личен профил, купување или потврда за одредена активност која сте ја презеле преку Вашиот профил на нашата интернет страница.

(б) Cookies и останати технологии

Вие можете да одберете како пребарувачот на кој што работите ги зачувува Колачињата (анг. Cookies) со подесување на самиот пребарувач. Истото може да го промените и зачувате и преку Вашиот паметен уред доколку ја користите апликацијата со подесување зависно од мобилниот уред. За дополнителни информации посетете ја “Политиката за колачиња”.

Понатаму, можете да одберете и кои податоци ги споделувате со нас кога се поврзувате преку Социјалните мрежи или апликации. Ве замолуваме да погледнете ја Политиката за приватност и подесувањата на социјалните мрежи или апликации за да научите како да ги прилагодите алатките и доколку има потреба и желба, да ја промените интеракцијата помеѓу Woooper и Вашиот профил на социјалната мрежа или апликација.

3. КАКО WOOOPER РАБОТИ СО ПОДАТОЦИТЕ

Ние (или нашите “Бизнис Провајдери” во наше име) работиме со собраните податоци кои се образложени во оваа Полтика за заштита на лични податоци за следните цели: 

– работење, одржување и подобрување на нашата интернет страница и услугите кои ги нудиме, како и останати програми;

– рекламни понуди врз основа на вашите интереси, push нотификации, комуникација и понуди на производи од нас и нашите бизнис соработници, вклучително и комуникација базирана на геолокација;

– да го олесниме креирањето нарачка на интернет страницата и процесот при купување производи;

– да ви одговараме соодветно на Ваши барања и прашања;

– анализа и спроведување на истражувања;

– да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи и активности на Woooper и нашите бизнис соработници;

– да ви испраќаме потсетници, известувања, известување за подобрување на страната, административни пораки, промотивни пораки и корисни информации, вклучително и во име на нашите Бизнис Соработници;

– да креираме и администрираме анкети, наградни игри, натпревари или други промотивни активности или настани кои се организирани од нас или наши Бизнис Соработници;

– да ги менаџираме секојдневните бизнис активности како администрација на сајтот, регулирање на форумот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите.

4. ВО КОИ СЛУЧАИ WOOOPER ОТКРИВА ПОДАТОЦИ

Ние (или нашите “Бизнис Провајдери” во наше име) нема да ги споделиме, продадеме или изнајмиме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од следните случаите:

Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци со Woooper продавачи. Бизнис Соработниците чии производи се продаваат и промовираат, може од нас да побараат податоци за одреден(и) Woooper корисниц(и) кои го купиле производот, со цел да им помогнат при замена или враќање на производот. Во овие случаи, ние можеме да споделиме некои од Вашите лични податоци со Woooper продавачите. Споделувањето на овие податоци може да значи дека Woooper продавачот може да испраќа реклама директно до Вас, доколку одлучи да го стори тоа. Но сепак, ние ќе споделуваме лични податоци за идентификација со Woooper продавачот само доколку се вклучите во некоја активност која бара Ваша идентификација, и само со Woooper продавачот кој е вклучен во таа конкретна активност за која се барало идентификација. Ние не преземаме било каква одговорност за постапките на Woooper продавачите. Ние ги информираме продавачите дека им е дозволено да комуницираат со Вас за целите за одредени промоции кои ги склучиле со Woooper. Ние не сносиме никаква одговорност за активностите на Woooper продавачот, и активностите на Woooper продавачот не се под наша контрола.

Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци со овластени трети лица – Бизнис Провајдери. Овие “трети лица – Бизнис Провајдери” извршуваат дејствија во името на Woooper, како што се испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични податоци со такви провајдери за завршување на нарачки, доставување производи, испраќање поштенски и/или електронски маил, менаџирање на натпревари или игри, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализа на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на интернет страницата, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Дополнително, ние може да собираме лични податоци од поединци и/или претпријатија со кои имаме бизнис соработка и можеме да ги споделуваме Вашите податоци со Бизнис провајдери со цел да се остварат нашите административни задачи. На пример, кога нарачувате некој производ, податоците од Вашата платежна картичка се процесираат преку платежниот процесинг систем на ХалкБанк со цел да се потврди плаќањето и доколку истото е успешно остварено може да  испратиме податоци за вашата адреса на испорачувачот на производот заради реализација на услугата. Исто така, можеме да дадеме податоци за Woooper продавачот на нашата банка со цел да се направи исплата. Ние ги охрабруваме Woooper продавачите и третите лица Бизнис Провајдери да ги усвојат и објават своите Политики за заштита на лични податоци. Сепак, употребата на Вашите лични податоци од страна на истите е уредена од нивна страна во Политиките за заштита на лични податоци и не се предмет на наша контрола.

Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци доколку настане трансфер на бизнисот. Како и секој бизнис, ние би можеле да се споиме или да бидеме купени од страна на друга фирма. Ако дојде до таков настан, компанијата која ќе биде наследник ќе се здобие со податоците кои ги чуваме, вклучувајќи ги и личните податоци. Сепак, личните податоци ќе останат заштитени со оваа Политика за заштита на лични податоци.

Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме и дадеме Вашите лични податоци ако тоа се побара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата интернет страница.

Ние може да откриваме и/или споделуваме Не-лични податоци со нашите бизнис соработници, и огласувачи. На пример, можеме да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со “Огласувачи” или “Маркетинг компании”.

5. КАКО WOOOPER СОБИРА ПОДАТОЦИ

Вие ги оставате Вашите податоци на нашата интернет страница при регистрација, зачленувате, кога креирате профил, вршите купување или на било кој начин имате интеракција со нашиот страна. Исто така ние собираме податоци и кога нè контактирате и онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари и споделувате мислења. Покрај тоа, собираме податоци и од други извори и на други начини со цел да го подобриме искуството и да ги оствариме нашите маркетинг цели.

Еден од тие начини на собирање податоци е преку Колачиња (анг. Cookies). Со цел да се олесни и прилагоди вашето искуство со интернет страницата, ние зачувуваме cookies на вашиот компјутер. Колаче е мал текстуален податок кој е складиран на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме колачиња додека ја користитете нашата интернет страница за да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на крајните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Исто така, колачињата овозможуваат да се соберат и не-лични податоци од Вас, како страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале. Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но вие самите можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач, за да одбиете зачувување на тие колачиња. За повеќе информации прочитајте ја целата “Политиката за колачиња”.

Останати помагала за следење. Ние може да користиме други стандардни технологии како пиксел тагови за да ја следиме Вашата употреба на нашите интернет страници и промоции, или може да им овозможиме на нашите Бизнис провајдери да ги користат овие уреди во наше име. Pixel тагови се мали графички слики поставени на некои страни од нашата интернет страница, или во нашите е-пораки кои ни овозможуваат да одредиме дали сте извршиле одредена акција. Кога ќе пристапите до овие страници или ја отворите вашата е-пошта, пиксел таговите генерираат не-лични податоци за таа акција.

Податоци од паметни уреди користиме кога вашиот уред е во интеракција со нашата страна или апликацијата и кога не сте логирани на нашата страна. Доколку имате прашања околу безбедноста и политиката за заштита на лични податоци на Вашиот мобилен уред, ве замолуваме да се обратете за информации и инструкции кај Вашиот мобилен оператор или продавач или производител на уредот за да научите како да ги подесувате овие активности.

6. БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

Ние сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме голем број на мерки за претпазливост со цел да се заштити безбедноста на личните податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата интернет страница со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Наша препорака е да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер, до кој само ние имаме пристап. Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да сме сигурни дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.

Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно при купување, од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Халк банка која е сертифицирана од Виза и Мастер кард за процесирање на трансакции. Во моментот кога го извршувате плаќањето и ги внесувате податоците, истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на  Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани.

7. ПРИСТАП И ВРШЕЊЕ ПРОМЕНА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Вие можете да пристапите до, да ги промените или избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на профилот и кликање на секцијата “Профил”. Еднинствено што не може да промените сами е Вашата email адреса во профилот, затоа доколку сакате да ја промените ве замолуваме да ни испратите електронска порака на support@Woooper.mk со email – адресата која сакате да се замени и новата адреса.

Доколку настане некаква промена, ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци. Ако сакате да го деактивирате или отсраните профилот може да испратите барање на support@Woooper.mk. Ние ќе ги чуваме вашите лични податоци сè додека вашиот профил е активен. Сепак деактивирањето на вашиот профил не значи дека сите податоци кои биле претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности, не можеме да ги избришеме податоците поврзани со изминатите купувања на интернет страницата поради евенутален случај на спор, анализи на продажбите, месечни и годишни извештаи.

8. ДРУШТВЕНИ МРЕЖИ

(а) Друштвени јавни области

Интернет страницата може да биде пристапна или да содржи делови каде што Вие можете јавно да споделувате информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да биде достапни на другите корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или интернет пребарувања,па така овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. На пример, доколку ја објавите вашата e-mail адреса заедно со вашето мислење за некој производ како коментар, може да добиете несакани пораки поради злоупотреба на Вашата адреса од трети лица. Ние немаме никаква контрола врз тоа кој го чита или ќе го прочита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што се доброволно изложени од Ваша страна, па затоа Ве молиме за претпазливост при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.

(б) Поврзување преку друштвени мрежи (Facebook, Instagram, Twitter, Google Plus)

Woooper им дава можност на корисниците на социјални мрежи да имаат интеракција и комуникација со пријателите и да споделуваат информации на своите профили на социјалните мрежи. Ако сте најавени на Woooper и некоја друштвена мрежа, кога ќе кликнете на “Поврзи се” (Connect with Facebook) ќе ги споиме Вашите профили, доколку e-mail адресите се совпаѓаат. Ако e-mail адресите не се совпаѓаат, ќе имате можност Вие самите да ги споите преку опцијата “Мои Поврзувања” на Вашиот профил. Ако веќе сте најавени на Woooper, но не сте најавени на некоја друштвена мрежа, кога ќе кликнете на опцијата за поврзување преку друштвена мрежа ќе биде побарано да ги внесете вашите податоци за логирање на конкретната мрежа на која сакате да се најавите.

Спротивно на тоа, ако моментално не сте регистрирани како Woooper корисник и сакате да се најавите преку друштвена мрежа најпрвин ќе биде побарано од Вас да ги внесете Вашите податоци за логирање од друштвената мрежа, а понатаму ќе ви биде креиран профил на Woooper со податоците од Вашиот профил на социјалната мрежа. Ве молиме подесете кои податоци сакате да ги споделите од Вашиот профил во подесувањата на социјалната мрежа каде што ви е регистриран профилот. Со поврзувањето на Woooper преку некоја друштвена мрежа, вие се согласувате дека ни давате дозвола да имаме увид врз информациите од Вашиот профил на друштвената мрежа.

9. ПРИВАТНОСТ НА ТРЕТИ СТРАНИ

Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www.woooper.com. Други интернет страници на кои може да се пристапи преку линкови (доколку има) од нашта интернет страница може да имаат свои сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку пристапувате на некоја друга интернет страница  преку линк на нашиот сајт Ве повикуваме да ги погледнете политиките за заштита на лични податоци на таа интернет страница. Ние не одговораме за политиките или практиките на трети лица.

10. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

Woooper не дозволува користење на интернет страницата на малолетници (лица помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Страната е дизајнирана со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на Woooper изјавувате дека Вие сте возрасно лице со навршени 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате Ваш профил и вршите купувања на производи. Ние веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој е помлад од 18 години.

11. ТЕРМИНОЛОГИЈА

Бизнис Провајдери, се трети страни кои изведуваат бизнис операции во име на Woooper, како на пример процесирање на трансакции, комуникациски сервиси (e-mail, испорака на пратки и сл.), маркетинг, процесирање на податоци и аналитика, платформи за рекламирање или информациско-технолошки услуги и сл.

Бизнис Соработници, се трети страни со кои соработуваме како што се компаниите чии понуди се промовираат, маркетинг агенции,  дистрибутери и продавачи.

Податоци од паметни уреди, се однесува на податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите интернет страница, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Вашиот систем, држава и временска зона на Вашиот уред, гео локација и софтвер на Вашиот уред.

Не-лични податоци, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди.

Друштвени јавни области, се однесува, збирно на сите наши страни и на социјалните мрежи, форуми, теми за дискусија и коментари на понудите и други методи на комуникација кои може да бидат овозможени или поврзани преку нашиот сајт. 

Колаче, значи единствен идентификатор, најчесто составен од мали битови на текст или код.

12. КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ве молиме чуствувајте се слободно да не контактирате доколку имате било какви прашања во врска со нашата Политика за заштита на лични податоци. Можете да не контактирате онлајн на support@Woooper.mk или може да ни испратите пошта на следната адреса:

АДБАРКАДЕРО ДООЕЛ, Скопје

Ознака: Политика на приватност

ул. Џумајска 38,

1000 Скопје, Македонија