Последно обновено: 18.04.2024

Што претставува политиката за колачиња?

Кога ќе ја посетите на нашата страна или ги користите нашите услуги, Woooper и трети лица, авторизирани од наша страна собираат колачиња кои содржат податоци за вас. Оваа страна ја објаснува политиката за користење на колачиња и слични технологии во Woooper.com (АДБАРКАДЕРО ДОООЕЛ, Скопје) на нашите интернет страници и други онлајн и мобилни апликации.

Ние ги користиме овие технологии за да ги администрираме нашите страни, да го анализираме трендовите, да ги следиме активностите на нашите корисници, а со тоа да овозможиме персонализирани промотивни пораки и рекламни пораки. Оваа страна објаснува што се технологиите и вашите права за промени и контролирање на употребата на колачињата. Кога прв пат ќе пристапите на било која страна на Woooper.com може да добиете порака која што ве извести дека нашата страна користи „колачиња“. Со кликнување на „се согласувам“, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на интернет страницата вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња. Сепак, не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време (Како да ги контролирате колачињата, објаснето подолу во текстот). Може да ги промените подесувањата на вашиот пребарувач за да ги ограничите или забраните колачиња и можете да ги избришете од секој уред во секое време. Ако не се согласувате или ги избришете колачињата некои делови од нашата интернет страница на кои ќе сакате да пристапите може да не фукционираат како што треба или да им треба многу повеќе време да се отворат.

Што се колачиња?

Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на интернет страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред при посета на интернет страницата. Кога следен пат повторно ќе го посетите истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат вашите преференци и други информации но не можат да ги читаат вашите податоци или информации од вашиот хард диск или пак да читаат други зачувани документи за колачиња од други сајтови.

Колачињата кои што се директно поставени од страната (Woooper) се нарекуваат “колачиња од прва страна”. Колачињата поставени од други страни се нарекуваат “колачиња од трети страни”. Колачињата од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашата страна како рекламирање, фукнции на социјални медиуми, аналитики и слични. Овие колачиња не се сопственост на Woooper и Woooper нема никаква контрола врз нив и како истите ќе бидат искористени.

Зошто се користат колачињата?

Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на апликациите и интернет страницата од страна на посетителите како и за подобрување на искуството при користење. Колачињата дозволуваат, на страната која што ги поставува, да ги препознаваат корисничките уреди на користење во согласност со претходни најави и посети, со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите интернет-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.) но маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците.

Оваа интернет страница употребува различни видови колачиња. Некои колачиња се поставени од трети сервиси кои се појавуваат на нашите страници се со цел за оптимизирање на вашето искуство на Woooper.

Колачиња кои ние ги користиме:

Неопходни колачиња (Necessary cookies). Неопходните колачиња помагаат една интернет  страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување, наплата и сл. Без користењето на овие колачиња, интернет страницата не може да функционира исправно.

Претпочитани колачиња (Preference cookies). Претпочитаните колачиња ѝ овозможуваат на интернет страницата да ги запомни информациите кои го менуваат начинот на кој таа се однесува или изгледа, како на пример Вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате.

Статистички колачиња (Statistical cookies). Статистичките колачиња ни помагаат да разбереме на кој начин посетителите комуницираат со интернет страницата преку анонимно собирање на информации.

Маркетиншки колачиња (Marketing cookies). Маркетиншките колачиња се употребуваат за следење на посетителите низ интернет страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се адекватни и привлечни за индивидуален корисник. Врз колачињата поставени од трети лица, Woooper нема никаква одговорност ниту надлежност и ве советуваме да ги прочитате политиката за приватност и политиката за колачиња на нашите соработници и партнери за зголемување на вашата сигурност.

 Колачиња за перформанси и функционалност. Овој тип на колачиња се однесуваат на следењето доколку повторно се вратите на нашата страна. Овие колачиња содржат неопходни информации, како на пример од кој град пристапувате кон Woooper страната. Важно е да се напомене дека овие колачиња не се неопходни и не влијаат врз вашето искуство при посетата на нашиот сајт.

Social Media колачиња. Овие колачиња дозволуваат да ги интегрираме функциите од социјалните медиуми на нашата страна, а дополнително може да се користат и во маркетиншки цели. Колачињата кои што се поставени од Woooper се во наша надлежност, но колачиња поставени од трети лица, во овој случај социјалните мрежи, не се во наша надлежност и Woooper не сноси никаква одговорност према користењето на податоците приберени од третите лица. Ве советуваме за подобра информираност да ги пребарате и прочитате политиките за колачиња и приватност на овие трети лица за подобра ваша сигурност.

Како да ги контролирам колачињата?

Кога прв пат ќе ја пристапите кон било која страна на Woooper.com може да добиете порака која ве известува дека користиме „колачиња“. Со кликнување „се согласувам“, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на интернет страницата вие изјавувате дека сте ја разбрале Политиката и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња.

Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во секое време. Преку подесувањата во интернет пребарувачот може да подесите кои колачиња ќе ги задржите, а кои не сакате да ги задржите. Исто така може да ја исконтактирате компанијата која ги поставила и која ги контролира колачињата. За повеќе информации проверете во подесувањата на вашиот интернет пребарувач. Проследете ги линковите подолу за корисни информации околу колачињата кај популарните пребарувачи:

Microsoft Internet Explorer:

https://support.microsoft.com/en-gb/help/17442/windows-internet-explorer-delete-manage-cookies

Google Chrome:

https://support.google.com/chrome/answer/95647?co=GENIE.Platform%3DDesktop&hl=en

Mozilla Firefox:

https://support.mozilla.org/en-US/kb/enable-and-disable-cookies-website-preferences

Apple Safari:

https://support.apple.com/kb/PH21411?locale=en_US

Дали добивам колачиња преку е-маил?

Нашите е-маил пораки содржат колачиња кои што доставуваат информации за тоа дали сте го отвориле е-маилот и дали сте кликнале на одреден линк во истиот. Овие колачиња се единствени за секој корисник, односно два корисници со добиена иста порака имаат свои единствени и уникатни колачиња. Овие колачиња служат само за аналитички цели и не се задржуваат на вашиот уред.

Пиксел за следење (Web Beacon)

Покрај колачињата користиме и други технологии за да ги препознаеме и следиме посетителите на нашата страна. Web Beacon или пикселот за следење (tracking pixcel) е графичка слика (најчесто еден пиксел) која се пренесува преку пребарувач или HTML email порака, најчесто заедно со колачето. Пикселите за следење ни овозможуваат, на пример, да следиме како корисниците се движат од една на друга интернет страница, како пристапиле на сајтот, дали со кликнување на одредена реклама на Фејсбук или интернет-банер поставен на трета страна-за да научиме и ги оцениме перформансите на рекламите и воопшто на целиот сајт.

Генерални информации

Политиката за колачиња е дел од Политиката за приватност на Woooper која што објаснува што прави Woooper со собраните информации од нашите корисници. За повеќе иформации посетете ја нашата политика за приватност. Политиките може да се менуваат и дополнуваат од време на време. Ве молиме посетувајте ги полтиките за информираност за евенутални промени.