Description
ЕДЕН ДЕН СО СТЕЛА И САНИ
Колку исти и колку различни нешта има во еден ден? Во сите има убавина. Помини еден цел ден со Стела и Сани и види колку забавно може да биде дури и четкањето на забите. Со нив е неверојатно сè што се прави. Освен тоа, ќе видиш колку е прекрасно на сите да им даруваш добрина. Така, кога ќе го обоиш светот на Стела и Сани, ќе им го направиш денот посебен, а тие тебе ќе ти го наполнат срцето со шарени убавини.