Книга | Диво Месо | Горан Стефановски


Цена:
ден 200

Description

Диво месо е ненадминато ремек-дело на нашата драмска книжевност која и по 44 години од создавањето не губи од својата актуелност. Зашто ние и денес говориме за глобалното, капиларно и невидливо продирање на корпоративниот и либерален капитализам, за бришење на малите култури, за уништување на традиционалните семејни вредности и на семејствата воопшто.

Стилски и занаетчиски совршена, пиесата се одликува со кратки реплики, остри како брич, кои се помнат и зариваат во свеста и потсвеста. „Ќе има војна“, вели Димитрија на почетокот. Марија одговара исто така лаконски: „Доста беше и ваков мир“. Во две кратки реченици е даден цел есеј за лажните вредности. Лажен мир е полош од вистинска војна, гласи поентата на тој есеј, која читателот/гледачот на претставата треба сам да си ја изведе во свеста.

Сè на сè, оваа пиеса е врвот на нашиот драмски пантеон, а нејзиниот автор Горан Стефановски (1952 – 2018) е еден од неговите темелници и столб на македонскиот современ театар. Кој не ја прочитал или не ја гледал на сцена – тој како да не живеел за книжевноста и театарот.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed