Хијалуронска киселина - серум | Dr. Viton


Цена:
ден 820

Description

Dr. Viton – Hyaluronic Acid Serum е моќен концентрат на хијалуронска киселина која длабински ја хидратира и подмладува кожата.

Бенефити од Dr. Viton – Hyaluronic Acid Serum

  • Ја хидратира кожата
  • Ја одржува влажноста на кожата
  • Ги пополнува брчките
  • Ја измазнува и затегнува кожата
  • Ја зголемува еластичноста на кожата
  • Стимулира регенерација на клетките

Спој на најдобрите состојки за длабинска хидратација и подмладување

Dr. Viton – Hyaluronic Acid серумот покрај богатството од хијалуронска киселина е дополнително збогатен со уште неколку состојки од голема важност за вашата кожа.

Хијалуронска киселина – Ѕвездената состојка во козметичката индустрија делува како магнет за вода – може да привлече вода до 1.000 пати повеќе од сопствената тежина. Молекулите на хијалуронската киселина се главните состојки за полнење на брчките и фините линии.

Органско Алое Вера ја одржува кожата чиста и хидрирана задржувајќи ја природната влажност на кожата давајќи и енергија и сјај.

Органско масло од јојоба длабински ги чисти порите и на тој начин ги спрема за хидратација.

Витаминот Ц го истакнува сјајот на лицето и го изедначува тенот избелувајќи ги темните флеки.

Витаминот Е го забавува стареењето и ја храни кожата правејќи ја еластична.

Ретинол ја штити кожата од надворешните фактори кои ја стресуваат и стареат кожата.

Есенцијално масло од гераниум ја штити кожата од воспалителни процеси кои резултираат со појава на ситни акни по лицето.

Екстракт од див зелен чај е моќен антиоксидант кој ја штити кожата од загадување, но истовремено ѝ дава лифтинг ефект.

Вештерска леска е во функција да ја заклучи влагата на површината на кожата и на тој принцип да ја задржи нејзината мекост и влажност.

 

Во нашата палета на серуми за лице можете да го пронајдете и Dr. Viton – Vitamin C Serum и Dr. Viton – Retinox.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed