Млечна формула за доенчиња | Nestle | Nan Pre Nan | 400g


Цена:
ден 845

Description

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА И СОВЕТИ ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ИСХРАНАТА

ШТО Е ПРИХРАНА?

Прихраната претставува воведување нови прехранбени производи во исхраната на бебето, а кои не се мајчино млеко или млечни препарати за бебиња (жита, овошје, зеленчук, месо, риба...).
За прихрана се смета и преодниот период само од млечни производи во вообичаената исхрана како за другите членови од семејството.

КОГА СЕ ВОВЕДУВА ПРИХРАНАТА?

Прихраната се воведува помеѓу 4. и 6. месец од животот на детето, кога исхраната со мајчино млеко или со млечни препарати за бебиња не е доволна за да ги задоволи зголемените нутритивни и енергетски потреби на бебето.

Не се препорачува прихраната да се воведува пред 4. месец, бидејќи дигестивниот систем на бебето не е доволно развиен да свари таква храна.

Прераното воведување на прихраната може да ја зголеми опасноста од алергиски реакции на храна, а може да доведе и до прерано одбивање на мајчиното млеко или на млечните препарати за бебиња.

Исто така, ако прихраната се воведе предоцна (по 6. месец од животот), можни се тегоби и отпор во прифаќањето нова храна.

КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДЕКА ДЕТЕТО Е ПОДГОТВЕНО ЗА ПРИХРАНА?

Вашето бебе:
Седи со потпора.
Самостојно ја држи главата и ја врти настрана.
Го губи рефлексот со кој автоматски ја турка храната со јазикот низ уста.
Голта храна што не е течна.
Ја отвора устата кога ќе му се приближи лажица до уста.
Ја врти главата настрана кога не е гладно.
Покажува голем интерес за храна.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed