Description
Деликатната и сензитивна кожа има потребна од ексфолијација исто така.
Истото важи и за проблематична кожа која користи доста активни состојки и има потреба од нежен пристап на ексфолијација, со цел спречување на иритации и дехидрација.
Накоми ексфолијантот наменет за сензитивна кожа е одговорот на овој проблем.
Збогатен со нежни ПХА киселини кои ги отстрануваат мртвите клетки без да ја иритираат кожата, а имаат и хидратациско дејство.
Екстрактот од манука мед ги смирува воспалителните процеси кај кожата. APIBREEZE™ комплексот ја подобрува текстурата на кожата и промовира нејзина регенерација.
Состојки :
Aqua, Glycerin, Gluconolactone, Mel, Lactobionic Acid, Sodium Hydroxypropyl Starch Phosphate, Honey Extract, Cellulose, Hectorite, Citric Acid, Dehydroacetic Acid, Sodium Benzoate, Sodium Citrate, Xanthan Gum, Benzyl Alcohol.
Начин на употреба :
Производот се користи на сличен принцип како маска за лице.
Нанесете мала количина на чиста и сува кожа после миење на лицето, избегнувајќи го делот околу очи.
Нежно аплицирајте го продуктот на кожата и оставете да делува десетина минути.
Потоа целосно исплакнете го со млака вода.
Направете patch test на мала регија на кожата пред употреба.
После користење на продуктот нанесете серуми и креми за хидратација, избегнувајте користење на додатни пилинзи, или АХА и БХА киселини во вечери кога се користи овој производ.
Редовно користење на СПФ е препорачливо генерално, а посебно при користење на активни состојки од овој тип.
Не го држете производот на лице подолго од препорачаната временска рамка.