Ја намалува напнатоста на градите за време на бременоста и промовира здрав проток на мајчино млеко.
Природно и органско масло за масажа на гради при лактација, богато со масло од бадем и етерични масла кои ги препремаат вашите гради за пријатно и здраво доење.
Масажата на градите ја стимулира циркулацијата и го олеснува протокот на мајчиното млеко.
Редовната масажа на градите помага при доењето.
Дерматолошки тестирано.
Ова масло е производ од линијата Weleda производи за раѓање и доење, развиена од искусни акушерки и фармацевти.
Употреба:
Почнувајќи од 38та недела од бременоста, неколку пати дневно масирајте ги градите со кружни движења од напред и странично на двете гради.
Избегнувајте ги брадавиците и не го користете непосредно пред доење.
Состав:
Масло од сладок бадем, сусамово масло, масло од јојоба, мирис, лимонен, линалол, гераниол,
од природни есенцијални масла, органски состојки.
Пакување: 50 мл.