Серум за лице со 12% АНА и 1% ВНА киселини | Berry Glow | 30 ml


Цена:
ден 1,850

Description

Наполнете ја вашата кожа со природен сјај со овој ексфолирачки третман со високи перформанси, направен со 12% потентни АХА овошни киселини кои ги ескфолираат клетките мртва кожа за поеизедначен, сјаен тон и видливо намалени фини линии и брчки, откривајќи забележително помазен и помладешки изглед.

Серумот исто така содржи 0,5% чиста салицилна киселина (БХА) и 5% екстракт од кора од врба кој ја снабдува формулата со додатни 0,5% БХА (салицилна киселина).

БХА исто така ја ексфолира кожата со дополнителна функција во борбата со несовршеностите и чистење на запушените пори.

Оваа комбинација од 12% АХА + 1% БХА киселина, нуди длабинска ексфолијација која помага во борбата со видливи несовршености и подобрен сјај на кожата. Оваа формула содржи пантенол (Провитамин Б5) кој помага во намалување на иритациите поврзани со употреба на киселини, заедно со одличните надополнувачки и хидрирачки состојки како хиалуронска киселина, пироглутаминска киселина (Sodium PCA) и бетаин.

Овој повеќе-функционален третман ги намалува знаците на стареење, изгледот на зголемени пори и сува кожа и го подобрува тонот, откривајќи посветла и кожа со поздрав изглед.

Овој серум има оптимален опсег од 3.4-3.7 pH вредност.

Секогаш нанесете широкоспектарна заштитна крема со најмалку 30СПФ секој ден и ограничете го изложувањето на сонце додека го користите овој производ и неколку недели потоа.

Нанесете 4-8 капки на ден, идеално навечер на чиста и тонирана кожа.

Избегнувајте ги усните и деликатната околуочна регија.

Масирајте како третман кој не се измива.

Користете 3-5 ноќи неделно, постепено целејќи кон секојдневна употреба.

Искомбинирајте со вашиот омилен бустер и/или масло од SkinDivision.

Лесно пецкање и/или црвенило може да се појави при употреба.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed