Книга | Средба | Херман Ленц


Цена:
ден 300

Description

Средба се случува во Виртемберг во кралската Монархија, во времето по „системот Метерних“, во времето на револуцијата, на ново-апсолутизмот и на обидите за устав. Раскажувачот е домашен учител во еден виртембершки замок, внатрешно растргнат човек со непознато потекло, кој пак претчувствува дека опасниот господар на замокот е негов татко, а неговиот ученик Константин, легитимниот син на грофот, е негов полубрат. Грофот, мислејќи на мртвата мајка на раскажувачот, ќерката на каменорезецот, за која некогаш „сакал сѐ да остави зад себе“, сака младиот човек да се најде себеси, со тоа што сам ќе си го најде и прифати својот начин на живот. Бара од него да се грижи за младата жена на свештеникот во Ален, Луизе, едноставно, нескротливо суштество што пишува трактати, практикува слободна љубов и ја доведува во опасност позицијата на сопругот. Кога ќе дојде учителот, неа ја обзема таква страст кон него, што го одредува сиот нејзин понатамошен живот. „Менторот“ се препушта на нејзината љубов. Не е способен ниту пак сака да се оддаде на друг човек и затоа се спасува во венчавката со една млада ќерка на бочвар. Одвременавреме ја сретнува Луизе: таа е издржувана жена, подоцна келнерка, на крајот проститутка. Успева да го убеди да тргне со неа на наводно службено патување. На патот низ Бохемија и Виртемберг двајцата се обидуваат минатото да го претворат во сегашност.

Средба или бегство од средбата со себе?

Можеби би ве интересирало

Recently viewed