Паста за заби | Curaprox | 75ml


Цена:
ден 350

Description

Пастата за заби CURAPROX Enzycal ZERO не содржи агресивно средство кое создава пена, содиум лаурил сулфат (ЅLS), кое се наоѓа во повеќето пасти за заби. Затоа при употреба на оваа паста за заби оралната слузокожа е заштитена од иритации и дразби кои можат да доведат до појава на афти.

Пастата за заби Enzycal содржи три ензими, кои ја поттикнуваат природната заштитна функиција на плунката: лактопероксидаза, глукооксидаза, амилоглукозидаза. Овие ензими веќе се присутни во плунката и ја зајакнуваат антибактериската и реминерализирачката функција на плунката – го намалуваат развојот на бактериите и ја зајакнуваат природната рамнотежа на бактерискта флора во усната празнина. Го спречува и чувството на сувост во устата.

Пастата е со благ вкус, бидејќи не содржи масло од нане. Соодветна е за употреба при лекување со хомеопатски препарати и кај лица кои се осетливи на флуориди..

Пастата за заби CURAPROX Enzycal ZERO не содржи натриум флуорид.

Предности на пастата за заби CURAPROX Enzycal Zero:
– не содржи средство кое пени ЅLS (намален е ризикот од појава на афти).
– ензимите во составот даваат дополнителна заштита од кариес.
– ниско абразивна паста за заби, нежна спрема емајлот.

Во продажба се и пастите за заби CURAPROX Enzycal:
– Enzycal 1450.
– Enzycal 950.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed