Интердентална четка | Curaprox | Розеви


Цена:
ден 455

Description

Интердентални четкички CURAPROX CPS “prime” се ефикасни, нежни и го исполнуваат целиот интердентален простор, без ризик од повреда. Погодни се и за чистење на најтесните интердентални простори. Со нивна редовна употреба може да го спречиме настанување на кариес во интерденталниот простор, воспаление на непцата и подоцна можен пародонтитис (расклатување на забите).

Со нивна редовна и правилна употреба интерденталните четкички CURAPROX CPS ги отстрануваат забните наслаги од интерденталниот простор каде обичната четка за заби неможе да достигне – покрај четката за заби, интерденталната четкичка е најважната алатка за постигнување на главната цел, а тоа е доживотно здрави заби и непца.

Во продажба се 5 големини на интердентални четкички CURAPROX CPS “prime”: CPS 06, CPS 07, CPS 08, CPS 09 i CPS 011.

Нивната употреба е многу едноставна: еднаш ја внесувате во секој интердентален простор и ја извлекувате надвор.

  • Интерденталната четкичка со соодветна големина нежно ја внесуваме во
    интерденталниот простор помеѓу двата заба и непцето.
  • Ја внесуваме во интерденталниот простор и ја извлекуваме.
  • Придржувајте се по правилата: еднаш внатре, еднаш надвор, еднаш на ден.

Благодарение на извонредно тенката и издржлива жица CURAL® доволно е само еднаш да се помине низ секој интердентален простор.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed