Description
Иновативна пена со ефект на ладење за нега на кожата кај деца со овчи сипаници.
PoxClin пената за ладење е медицински производ, од природни состојки како што се Aloe barbadensis и камилица, а наменет е за нега на детската кожа со овчи сипаници.
Колку што знаеме, најчеста тегоба кај овчите сипаници е јадежот кој предизвикува чешање кое пак може да предизвика дополнителни компликации или трајни лузни, така да лекувањето првенствено е насочено кон спречување на чешањето.
Што содржи PoxClin пената за ладење?
PoxClin пената за ладење содржи природни состојки како екстракт од Aloe verа (aloe barbadensis), камилица и лаванда, што ја прави безбедна за примена кај деца.
Содржи разладувачки состојки и навлажнувачи кои ја ладат и навлажнуваат детската кожа зафатена со овчи сипаници.
Како делува производот?
PoxClin пената за ладење содржи комлекс 2QR, патентиран инхибитор на бактерии кој е изолиран од растението Aloe barbedensis.
2QR ги спречува бактериите со создавање на физичка бариера помеѓу бактериите и кожата.
На тој начин го спречува размножувањето на бактериите на кожата и појава на бактериска инфекција.
Со намалување на можноста за инфекција, PoxClin пената за ладење овозможува природен процес на зараснување и спречува појава на лузни поради чешањето.