Description
Thuja Smaragd – Зимзелено дрво со компактна тесно-пирамидална крошна и темно зелена боја на иглиците. Популарна Thuja број 1 во уредувањето на дворови и паркови и е составен дел од речиси секој план за хортикултурно уредување.
- Достигнува висина од 4-6 m и ширина 1-1,8 m.
 - Годишно прираснува околу 15-20 cm.
 - Отпорен на суша
 - Кроењето се препорачува да се изврши напролет, пред да започне новиот раст.
 - Смарагдно зелената боја која ја задржува преку целата година
 - Тесно-пирамидалниот хабитус со правилен распоред на гранчињата и минимална потреба од нега и одржување
 - Толерантна е на јака сенка и студенило, полусенка, а доста добро поднесува сончеви позиции.
 - Има умерена потреба од вода,бара средно влажно земјиште, добро дренирано и исушено, кисело до неутрално.
 - Најоптимално растојание на садење е 70 cm.
 - Доколку се сади во жива ограда, растојанието на садење помеѓу две садници треба да варира од 70 cm до 120 cm (1,2 метри)
 - Наменета за садење во жардиниери – саксии за хортикултурно уредување на балкони, тераси, локали, деловни објекти итн.
 - Поднесува корективно кроење
 - ВАЖНО! – Почвата се прихранува рано напролет за да може да се постигне брз раст и напредок и сјајна и интензивна боја
 
