Description
По дваесет и осум години молчење, проговори Мирослав Мишковиќ, најголемиот бизнисмен во Србија од крајот на XX и почетокот на XXI век.
Зошто молчеше?
Зошто проговори сега?
Книгата Јас, тајкунот е единствената исповед на човекот кого Милошевиќ го сметаше за соработник, Ѓинѓиќ за пријател, Тадиќ за противник, а Вучиќ за непријател.
Таа дава целосен поглед на српскиот претприемач, на историјатот на недоразбирањата меѓу државата и нејзините бизнисмени, на менталитетот на српскиот политичар и работник, на економското минато, сегашноста и иднината на Србија и регионот.
Мирослав Мишковиќ првпат зборува за тоа како го заработил првиот милион, а како Макси ја продал за милијарда, како ги развивал и зошто ги продал компаниите, каква е логиката на работењето и природата на знаењето потребни за креирање бизнис.
Откривајќи ги тајните на најуспешните компании од Вардар до Триглав, оваа книга станува вистински учебник по практична економија.
Опишувајќи ги најголемите подвизи и промашувања на нејзиниот лидер и раскажувајќи за тоа како го киднапирал Земунскиот клан, а како го уапсила актуелната власт, исповедта на најпознатиот тајкун прераснува во несекојдневна автобиографија што го поставува економскиот трилер како нов жанр во нашата литература.