Соковник | Gorenje | JC4800VWY


Цена:
ден 8,490

Description

БАВНО ЦЕДЕЊЕ СОК НА 80 ВРТЕЖИ ВО МИНУТА

Tехнологијата на бавно цедење се разликува од класичното центрифугално цедење во смисла на брзината и начинот на екстракција на сокот од овошјето и зеленчукот. Кај класичните соковници вртењето на сечилото се одликува со висока брзина (од 1.500 до 2.500 вртежи во минута) со цел да се исечат клеточните ѕидови и да се ослободи сокот од нив. Вертикалното движење на сврделот кај соковникот за бавно цедење сокови (до 80 вртежи во минута) ги ситни овошјето и зеленчукот и потоа ги одделува екстрахираниот сок и пулпата. Како резултат на тоа, има помалку воздушни меури во сокот, сокот е посвиленикав и температурата на цедење е пониска, што му овозможува на сокот да задржи повеќе витамини и ензими.
Остатоците добиени како резултат на цедењето на сок се собираат во посебен сад. Количеството на остатоци може да се одреди од корисникот со движење на рачката на предната страна од соковникот. Уживајте во чаша свиленкав мазен сок или додадете парчиња овошје и зеленчук во него за да ја добиете соодветната текстура. Не ја фрлајте пулпата пред да се обидете да ја додадете во други јадења какви што се супите, сосовите, десертите итн.
Бавнoто цедење, исто така, значи тивка работа без голема брзина чиј резултат значи и повеќе шум. Самиот дизајн на апаратот со долга цевка за полнење со намирници, исто така, придонесува за потиснување на бучавата.
И покрај бавната ротација на сврделот, моторот треба да биде доволно моќен за да ги искрши потврдите делови на овошјето и на зеленчукот. Тестиран при максимално оптеретување, овој мотор од 200 W се покажа како оптимално срце на еден соковник што треба да работи со технологијата на бавно цедење.
Садот за сок веќе е полн, иако сè уште има овошје и зеленчук во соковникот. Што да направите? Не треба да го исклучувате соковникот. Наместо тоа, само поттурнете го затворачот во отворот од кој излегува сокот. Сокот ќе биде собран во внатрешниот сад додека да одлучите да ги наполните чашите на страствените дегустатори.
Сите состојки кои ги цедиме, се филтрираат преку цедалка со фина ситна мрежа која овозможува минимална количина од пулпата да помине, а ги задржува сите хранливи материи во сокот. Цедалката лесно се мие под млаз вода и се чисти со помош на приложената четка.
Соковникот е опремен со два сада од 0,6 l, за сок и за остатоци (пулпа). Тие се направени од издржливa пластика и не содржат бисфренол А (BPAfree). Безбедно се мијат во машина за миење садови.
Додека ги додавате овошјето и зеленчукот во горниот дел на соковникот, не треба да се грижите дека соковникот ќе се помести од местото. Паметно дизајнираните гумени ногарки се поставени така што ќе осигураат оптимална стабилност дури и на влажни работни површини.

Дали кога станува збор за апарат со голем капацитет станува збор за долга постапка за чистење? Не е секогаш така. По употреба, бавно истурете еден литар млака вода во делот за додавање намирници додека работи апаратот. На својот пат до садот за сок, водата темелно ќе ги исчисти остатоците од овошје и зеленчук. По употреба, исплакнете го филтерот и исчистете го со приложената четка.

Гарантирана безбедност! Соковникот ќе работи само кога сите делови ќе бидат соодветно составени и на место. Безбедносниот прекинувач осигурува безбедна употреба без грижа за вклучување на моторот додека додавате состојки или го склопувате или го чистите апаратот.
  • Волумен на садот за сок: 0.6 l,
  • Лесно чистење

Можеби би ве интересирало

Recently viewed