Смирувачки крем против црвенилo со зелен тинт | Eucerin AntiREDNESS | 50ml


Цена:
ден 1,188

Description

Линиите на Eucerin Hypersensitive - UltraSENSITIVE и AntiREDNESS - предлагаат холистичен пристап во справувањето со трите симптоми, карактеристични за многу чувствителната кожа: нарушена бариерна функција, хиперреакција на нервните завршетоци и црвенило, често предизвикано од воспаление. Eucerin AntiREDNESS Смирувачкиот крем против црвенило е специјално разработен за многу чувствителна кожа склона кон црвенило и кожа со розацеа/купероза. Се нанесува два пати дневно на чиста кожа на лицето, вратот и деколтето и обезбедува моментно и долготрајно пријатно чувство на кожата. Ефикасно го смирува црвенилото и ја заштитува кожата, а при редовна употреба ги минимизира иритациите.nnФормулата комбинира две активни состојки: SymSitive* и ликохалкон А.nnSymSitive* е иновативна активна состојка којашто делува на нервните завршетоци. На тој начин го смирува непријатното чувство и ја зголемува толерантноста на хиперчувствителната кожа.nnЛикохалкон А е природна состојка добиена од коренот на растението кинеска ликорица. Истовремено има противвоспалително и антиоксидантно дејство, благодарение на што го намалува црвенилото и ги смирува иритациите.nnВажно е кожната бариера да се заштити од алергични реакции и појава на неподносливост. Затоа Eucerin AntiREDNESS Смирувачкиот крем против црвенило има максимално прочистена формула, во којашто се користат само ограничен број состојки. Пакувањето е иновативно и ја заштитува содржината од загадување и оксидирање.nn *= рег. трговска марка на Symrise AG, Германија

Можеби би ве интересирало

Recently viewed