Корективен дневен крем против црвенило | Eucerin AntiREDNESS | SPF25 | 50ml


Цена:
ден 1,188

Description

Eucerin HyperSensitive се состои од две линии (UltraSENSITIVE и AntiREDNESS). При нивното разработување Eucerin се фокусира на холистичниот пристап во нега за кожата. Производите ги третираат сите симптоми на многу чувствителната кожа: нарушена бариерна функција, хиперреакција на нервните завршетоци и црвенило, често предизвикано од воспаление.

Eucerin AntiREDNESS Корективниот дневен крем против црвенило со SPF 25 е специјално разработен за многу чувствителна кожа и кожа со розацеа/купероза. Нанесен на чиста кожа, кремот моментно ја смирува иритацијата и го прикрива видливото црвенило. Иновативната формула комбинира две активни состојки – SymSitive* и ликохалкон А.

SymSitive ефикасно делува на нервните завршетоци, коишто се причината за хиперчувствителност на кожата и на тој начин моментно ја смирува кожата и ја зголемува нејзината толерантност. Ликохалкон А (екстракт од корен на кинеска ликорица) го намалува црвенилото и ја смирува иритацијата.

Eucerin AntiREDNESS Корективниот дневен крем против црвенило со SPF 25 докажано ги смирува непријатните сензации карактеристични за хиперчувствителната кожа, го смирува и прикрива црвенилото, ја зајакнува кожната бариера и ги смирува иритациите.

За да се минимизира можноста за неподносливост или алергична реакција, формулата е максимално “чиста”, а специјалното пакување штити од навлегување на нечистотии во производот.

За да ја заштити дополнително вашата кожа во текот на денот, кремот е со SPF 25 и UVA заштита.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed