Опис
На првите страниcи од книгава ќе ја најдете следнава информаcија: текст - Владимир Петрушевски. Ова мора да биде прокоментирано... Точно е дека јас го запишав текстот (онолку веродостојно колку што ми дозволува мојата слоновска меморија). Не се сомневам дека ова (демек, белеењето) го сторив пристојно. Сепак, не би сакал да им го оџемам авторството на моите две ангелчиња (јас си ги викам ќаволчиња) Во cелата книга, се што е дадено е осмислено и изговорено од нив. За она што не е нивно, веднаш е објаснето дека не е! Како и да е, има сосема мал таков дел - па нема повеќе да додевам околу тоа. Иако раЌањето (поточно, вадењето) на моите две ќеркички се случи релативно скоро (пред некои шест годинки), без претерување се осмелувам да изјавам дека тоа беше најваниот настан во мојот краткичок (речиси 65 годинки) живот. Тогаш, смеам ли да го прескокнам и да не го овековечам настанов (преку нив самите, односно нивните зборови)? Јазикот ми е онаков каков што ми дошло.