Книга | Цвеќиња | Афонсо Круш


Цена:
ден 400

Опис

Во безизлезен обид да го пресоздаде минатото на својот залезен пријател, господинот Улм, раскажувачот на овој роман ја реконструира својата сегашност во надеж дека некогаш ќе стане личност што ќе умее да разговара со маките и страдањата на другите. Туѓата несреќа е едно скалило кон вечноста, или кон пропаста. Може ли да постоиме без сеќавањата и која е личноста што ја гледаме пред огледалото? Дали повторливоста на секојдневието нè отапела до рамнодушност кон секоја другост, па дури и кон онаа што ни е во најнепосредна даденост? Одговорите на овие прашања можеби се кријат во таинствениот клуч околу вратот на господинот Улм. Да навлеземе подлабоко во срцето на шумата.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed