Опис
Концентрирано и високоефективно решение специјално наменето за лице. Антиоксидантен и адаптоген комплекс, чија цел е заштитување на лицето од негативните ефекти на надворешното опкружување.
Ресвератролот има висока биолошка активност, овозможувајќи клеточна регенерација и подмладување на кожата.
Дихидрохерцетинот– моќен антиоксидант од групата на витамин П, кој ја подобрува микроциркулацијата и ги зајакнува крвните садови и капилари близу површината на кожата.
Овозможува подмладување на кожата и измазнување на брчки.
Биокозметички ефект:
Нискиот вискозитет на агенсот овозможува да се зголеми биорасположливоста на состојките на истиот, внесената дифилна компонента создава обвивка на површината на кожата, зголемувајќи го времетраењето на активните состојки и заштитувајќи ја од надворешни фактори.
Ресвератролот е група на стилбеноиди кои ефективно ги штитат клетките на кожата од стареење, кое е резултат на негативните ефекти на стрес факторите и опкружувањето.
Заедно со дихидрохерцетинот стимулира синтеза на колагенски влакна (колагенска синтеза), подобрувајќи ја дермалната еластичност.
Минералниот активен компонент каламин има антисептично и антивоспалително дејство, ослободува од чешање и создава заштитна бариера во оштетените предели. Ектоинот е заштитник на клетките од оштетувачките ефекти на надворешните влијанија, обвивајќи ги однадвор и спречувајќи дехидратација.
Индикации (наменето за):
Кожа сензитивна на надворешни влијанија, дехидрирана, воспалена и зрела кожа.
Контраиндикации:
Индивидуална интолеранција на компоненти од производот.
Пропратни ефекти:
Можна е индивидуална интолеранција на компоненти од агенсот.
25% состојки од органско потекло.
99,5% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC
КАКО ДА СЕ КОРИСТИ:
Со помош на вата нанесете на целото лице и вратот, или на проблематичните делови од лицето пред употреба на серум или крема.
Не нанесувајте повеќе од 1-2 пати на ден.
Да се чува на суво и темно место, на температура од +5C до +25C.