Серум за зрела кожа со 3% витамин Ц | Actives | 30 ml


Цена:
ден 710

Опис

Биокозметички ефект:

Аскорбинската киселина е силен намалувачки агенс, според тоа, може да спречува меланогенеза.

Дополнителна предност на препаратите со аскорбинска киселина е нивната способност да ја стимулираат синтезата на колаген во кожата.

Истовремено, аскорбинската киселина е еден од најмоќните природни антиоксиданти.

Оваа супстанца може да дејствува како снабдувач на електрони инволвирани во неутрализација на слободните радикали и да ги заштити меѓуклеточните структури од оксидативниот стрес.

Стабилни форми на аскорбинска киселина се користат за избелување на пеги и подобрување на состојбата на стареење на кожата со пигментирани дамки.

Како антиоксидант, аскорбинската киселина се бори против слободните радикали, обновувајќи ја пигментацијата на кожата по изложеност на сончева светлина. Има посебна улога во синтезата на колаген и го спречува предвременото стареење на клетките на кожата.

Високата проценка за клиничката ефикасност, укажува на тоа дека кожата на лицето станува се повеќе нежна, измазнета и еластична, а, тенот е изедначен. Концентрација од 3% Ц витамин ќе помогне да се изедначи бојата и осветлат хиперпигментираните делови на кожата.

Екстрактите од чага, моркови и подбел, имаат антивоспалителни и ефекти за лекување на раните, го олеснуваат воспалението и ги стеснуваат порите на лицето.

Индикации (наменето за):

Кожа во процес на стареење, дамки на старост и акни.

Контраиндикации:

Препаратите што содржат киселина и агенсите за белење на основа на аскорбинска киселина може да ја иритираат чувствителната кожа. Индивидуална интолеранција на компонентите на производот.

100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC

Се користи како биолошки активен агенс.

Нанесете на лицето, распределето до целосно впивање.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed