Млеко за чистење лице за секој тип кожа | Cleansing | 200 ml


Цена:
ден 970

Опис

Сертифицираното органско млеко за чистење на лице, очи и усни е клучен дел од добрата рутина за прекрасна кожа.

Ефективно ги отстранува сите нечистотии кои се акумулираат на лицето во текот на денот: себум, загадување, пот или шминка - дури и ако е водоотпорна.

Неговата богата текстура е особено прилагодена за посув тип на кожа: Му дава на лицето вистинско чувство на комфор. Не е потребно исплакнување - се користи со помош на памучен туфер. Погодно е за сите типови на кожа и не ги надразнува очите.

Најважната состојка која ја содржи - Шеќерна морска трева (Laminaria saccharina), екстракт од кафени морски алги, ја смирува иритацијата и го истакнува сјајот на кожата.

Дополнително, млекото е збогатено со органско алое вера, органски глицерин, органско масло од јојоба и органски алфа-бисаболол, кој хидрира, заштитува, негува и го намалува црвенилото на кожата.

Лесниот и нежен мирис (воден лотос, цвет од памук) ќе ви овозможи вистински момент на релаксација..

Шишето со пумпа (200 ml) од рециклирана пластика е идеален и за секојдневна употреба и за да го понесете со себе за време на викенд или патување. Капачето со прскалка го олеснува користењето.

Нанесете со прсти или со памучен туфер на лицето, очите и уснитеОтстранете го вишокот производ со помош на памучен туфер, не е потребно измивање.

Не ги иритира очите.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed