Опис
Најнова генерација на анатомски цуцли од NUK, со облик на мајчина брадавица во моментот на доење.
Анатомијата на цуцлата комплетно е прилагодена на устата на децата согласно возраста (0-6м, 6-18м и 18+м).
На шилдот на цуцлата SPACE се наоѓаат големи отвори за воздух кои овозможуваат кожата да дише, со што се спречува појава на иритации.
Поседува "NUK Air System" - уникатен вентил на задниот дел на цуцлата, кој овозможува цуцлата да биде мека и флексибилна.
Потенкиот и потесен дел за цицање спречува непотребен притисок врз непцето и вилиците и спречува појава на деформации.
Во 3 големини (0-6 месеци, 6-18 месеци и 18-36 месеци).
Две варијанти на дезени, пакувани во кутија со 2 цуцли лажалки.
Со хигиенска кутија која може да се користи и за стерилизација на цуцлата во микро бранова печка.
Безбедни BPA Free материјали.
Произведено во Германија со официјална Disney лиценца.