Опис
Биокозметички ефект:
Минералната активна компонента каламин, има антисептични и антивоспалителни својства, ослободува од чешање, ја смирува кожата и создава заштитна бариера на оштетените предели.
Бидејќи каламинот е нерастворлив во вода и масти, тој не пенетрира и акумулира во кожата.
Здружен со L-Arginine, ја намалува сензитивноста на надворешни фактори, кај сензитивната кожа.
Аргининот е делумно заменлива аминокиселина, вклучена во меѓуклеточната синтеза на азотен оксид (NO), кој има биолошка улога во стимулирањето ангиогенеза и борбата со воспалителни процеси.
Индикации (наменето за):
Несовршености предизвикани од киселинско-базен дисбаланс; ириртирана, сензитивна, воспалена кожа.
Контраиндикации:
Индивидуална интолеранција на компоненти на производот.
Пропратни ефекти:
Затегнатост, привремено чувство на сува кожа.
% состојки од органско потекло.
100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC.
КАКО ДА СЕ КОРИСТИ:
Нанесете мала количина од производот на мокра кожа, масирајте до појава на пена, па темелно исплакнете со вода.
Да се чува на суво и темно место, на температура од +5C до +25C.