Хидратантен флуид за после сончање | Laboratoires de Biarritz | 150ml


Цена:
ден 1,160

Опис

Овој флуид ја смирува кожата и ја обезбедува хидратацијата која и е потребна по изложување на сонце: чувството на пецкање и горење исчезнува, кожата е смирена и омекната. Благодарение на присуството на Alga Gorria  моќен антиоксидант, овој флуид продолжува да ја штити кожата од дејството на слободните радикали, дури и по изложување на сонце.

Важно е да се грижите за вашата кожа по изложување на сонце.

Навистина, штетните ефекти на слободните радикали врз кожата генерирани по изложување на УВА зраците, продолжува дури и кога не сме повеќе изложени на сонце.

Органскиот After-Sun флуид е специјално формулиран со патентираниот екстракт од црвени морски алги, Alga-Gorria со силна антиоксидантна моќ.

На овој начин, формулата After-Sun ја храни и смирува кожата, но истовремено ја заштитува и од негативните ефекти на изложување на сонце, како предвременото стареење на кожата.

After-Sun флуидот:

- Може да се користи од страна на трудници и доилки.

- Може да се користи од 1 годишна возраст.

Карактеристики:

- Заштита од слободни радикали.

- Ултра-смирувачка формула по изложување на сонце, или рутинска употреба.

- Гел-крем текстура, свежа и лесна..

- Вкусна природна арома на кокос и шеа путер.

Природна и oрганска козметика сертифицирана од Ecocert Greenlife согласно стандардот COSMOS ORGANIC.

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ:

1. Нанесете го флуидот на лице и тело, по изложување на сонце.

2. Може да се користи во текот на целата година како смирувачки и хидратантен производ за нега.

3. За уште подобро освежување, чувајте го After-Sun флуидот во фрижидер.

4. За сите типови на кожа.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER*, GLYCERIN, OCTYLDODECANOL, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, GLYCERYL STEARATE CITRATE, PARFUM, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE POWDER*, LAMINARIA OCHROLEUCA EXTRACT, GELIDIUM SESQUIPEDALE EXTRACT, BISABOLOL*, LINOLEIC ACID, LYSOLECITHIN, SCLEROTIUM GUM, PROPANEDIOL, PULLULAN, SODIUM BENZOATE, XANTHAN GUM, CITRIC ACID, POLYGLYCERYL-4 CAPRATE, POTASSIUM SORBATE, SODIUM PHYTATE, BIOSACCHARIDE GUM-1, TOCOPHEROL, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL, GLYCERYL CAPRYLATE, SODIUM ANISATE, SODIUM LEVULINATE, LINOLENIC ACID.

Состојки од органско земјоделство.

99.5% состојки од природно потекло.

60.2% состојки од органско земјоделство.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed