Опис
Загледан непоколебливо во бездната на ропството, овој фасцинантен роман ја претвора историјата во приказна што истовремено е и моќна и интимна.
Сета е родена како робинка и успеала да побегне во Охајо, каде што поранешните робови можеле слободно да живеат.
Но и осумнаесет години подоцна таа сè уште не е слободна.
Во себе носи многу спомени од Свит Хоум, убавата фарма на која ѝ се случиле толку многу грозни работи.
Нејзиниот нов дом е прогонуван од духот на нејзиното бебе, кое починало безимено
и на чиј надгробен споменик е врежан само еден збор: Љубена.