Количка со корпа | ABC Design Baby | 3TEC - Street 2in1

Попуст 29%

Цена:
ден 16,900 ден 23,900

Description

  • Количка за бебе модел 3TEC 2vo1 содржи: метална конструкција, спортско седиште и корпа за бебе.
  • Препорачано за деца од раѓање до 15 кг телесна тежина.
  • Лесна конструкција направена од високо-квалитетен алуминиум.
  • Спортско седиште кое може да го менува правецот на поставеност, према напред или пак према назад.
  • Пространа корпа за бебе со прозорче.
  • Подесива висина на наслон во 3 положби.
  • Сигурносни ремени со 5 позиции на подесување.
  • Рачка на количката со подесива висина во 3 позиции.
  • Потпирач за нозе подесив по висина.
  • Големи задни тркала кои може да се извадат и на тој начин да го олеснат пакувањето и транспортот.
  • Двојно ротирачко предно тркало за лесни маневри во тесен простор.
  • Високо - квалитетен систем на амортизација со вистински амортизер поставен директно под седиштето.
  • Задна ножна кочница за обезбедување на количката на стрмнини.
  • Голема кошничка за ствари - шопинг.
  • Импрегниран водо-отпорен кров.
  • Limited Edition со кожни елементи.
  • Тежина на количката со спортското седиште - 13,5кг.
  • Тежина на корпата за бебе - 4.5кг
  • Тежина на алуминиумската конструкција - 10,3кг
  • Димензии на склопена количка : 77 x 62 x 47цм.
  • Димензии на отворена количка : 85 х 62 х 108цм.
  • Димензии на корпата за бебе : 95 х 31цм.
  • Димензии на спортското седиште: 45 х 31цм.

ABC Design количката 3TEC Limited Edition е резултат на  иновативен дизајнерски тим од Германија, и е наменета за деца од раѓање до 15кг. Модерна, спортска и функционална количка која ќе ги воодушеви младите, урбани родители и ќе одговори на сите потреби на модерниот и динамичен живот. Централното место кај оваа количка му припаѓа на системот за активна амортизација т.е. амортизерот поставен центарлно под спортското седиште, кој гарантира апсолутна удобност при возењето, како за детето така и за мајката. Ваквиот систем на амортизација овозможува лесно и безбедно возење и на неравни терени надвор од градот и урбаните средини. Лесната алуминиумска конструкција заедно со со предното ротирачко тркало ја прават оваа количка лесна за маневрирање во тесни простори како што се супермаркетите. Само со едно движење на ногата се активира кочница која ги блокира двете задни тркала што е особено значајно на косини. Спортското седиште и корпата за бебе лесно се изменуваат и поставуваат врз конструкцијата со само еден клик, без користење на дополнителни адаптери. Покривот на количката, но и на корпата за беби имаат прозорче кое овозможува набљудување на детето. Рачките на количката се обложени со пријатен материјал и се подесиви по висина. Наслонот на спортското седиште и потпирачот за нозе имаат подесив агол и истите можат да формираат пријатна лежечка позиција за детето да може да спие.  Сигурносните ремени за детето се подесиви во 5 точки зависно од просторните потреби согласно карактеристиките на детето и истите се меко поставени. Големата шопинг торба за ствари е нешто што секако ќе ги воодушеви мајките кои секогаш имаат потреба од повеќе простор за ствари. Материјалот со кој е обложена количката е од највисок квалитет и истиот може да се вади и да се пере. Тркалата со пренос на лагери за мазно возење може лесно, само со 1 притисок на копче да се извадат.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed