Книга | Согласност | Венеса Спрингора


Цена:
ден 430

Description

Повеќе од триесет години од настаните што ги опишува во својата книга, Ванеса Спрингора го претставува процесот на немилосрдна психолошка манипулација и застрашувачка двосмисленост на согласноста со која се соочува жртвата полна со љубов. А покрај својата индивидуална приказна, таа ги доведува во прашање и настаните од цела една епоха – како и самозадоволството на една средина заслепена со сопствената слава и талент.

Во средината на осумдесеттите години на 20. век, воспитувана од страна на разведената мајка, В. со читањето ја пополнува празнината што ја оставил отсутниот татко. На возраст од само тринаесет години, на една вечера, го запознава Г., писателот чија мрачна слава не ја познава. На прв поглед била привлечена од харизмата на тој педесетгодишен маж – од неговите вљубени погледи и вниманието што ѝ го посветува. Потоа добива писмо во кое тој ја нагласува својата несовладлива потреба повторно да ја види. Сеприсутен и страстен, Г. успева да ја убеди дека ја сака и дека нема да ѝ направи ништо лошо. Кога полни само четиринаесет години, В. му се нуди и со душата и со телото. Заканите на Одделот за малолетници уште повеќе ја засилуваат оваа опасно романтична идила. Меѓутоа, кога В. ќе забележи дека Г. отсекогаш негувал љубовни врски со адолесцентки, како и дека практикува сексуален туризам во земјите во кои малолетниците се загрозени, таа поминува низ страшно разочарување. Бидејќи зад привлечната појава на еден писател се крие предатор, В. се обидува да се оттргне од него, подготвувајќи се да ја раскаже нивната приказна.
Така настана оваа автобиографија што се темели на вистински настани…

Можеби би ве интересирало

Recently viewed