Книга | Сивиот човек | Марк Гвини


Цена:
ден 500

Description

Книгата по која е направен најскапиот и најгледаниот филм во историјата на НЕТФЛИКС.
Корт Гентри е добар човек. Но, исто така, тој е поранешен врвен американски разузнавач и неверојатен професионален убиец. На оние што го демнат од сенка, тој им е познат како Сивиот човек. Тој е легенда во мистериозниот свет, се префрла од една на друга работа,  екогаш во акција, постигнувајќи го невозможното... Потоа наеднаш исчезнува. И тој секогаш погодува во целта. Секогаш. Но, има сили на светот што се поопасни од Гентри. Сили како што се на пример парите. И моќта. Има агенти, мафијаши, професионални убијци, држави кои сакаат да го елиминираат. Од Иран, Сирија, Украина, Франција, Албанија, Нигерија, Англија, од сите страни на светот. Некои не веруваат во неговите способности. За едни е мит, а за други минато. Но, Корт Гентри ќе докаже дека за него, нема разлика помеѓу убивањето за да се заработува за живот и убивањето за да се остане жив.

„Овој роман е како добро наострен нож: безмилосен и смртоносен.
Сивиот човек на Марк Грини е Борновиот идендитет за новиотмилениум... Никогаш досега еден убиец не бил толку реален, а сепак толку смртоносен. Погодува како куршум во гради... Книга што не се пропушта.“— Џејмс Ролинс
„Силен, брз и непобедлив – токму таков каков што треба да биде еден трилер.“— Ли Чајлд
„Приказната е возбудлива, а убиствата се толку експлозивни, што при вртењето на страниците, ни дава чувство како да играме некоја врвна видео игра.“ — Њујорк Тајмс

Можеби би ве интересирало

Recently viewed