Книга | Добрите девојки се враќаат дома пред полноќ | Лина Димоска


Цена:
ден 300

Description

„Добрите девојки се враќаат дома пред полноќ“ е новела за обидот на младата хероина да се соочи со минатото и траумите од детството, да ја открие слободата и да ги досегне можностите за еден поинаков и поубав живот.
Анисија е млада девојка од мал град, полн со предрасуди. По смртта на нејзиниот татко одлучува да започне со психотерапија, но на една од сеансите со психологот се отвора ново поглавје од минатото на Анисија – врсничкото насилство што го преживувала додека била тинејџерка. Целата приказна е испреплетена од мрачното минато на младата девојка и нејзините обиди да си создаде светла иднина и најдоброто од себе да го извлече на површина. Психотерапијата ѝ помага на Анисија да направи чекори за кои инаку не би имала храброст. Врсничкото насилство остава длабока траума врз неа, па таа се колеба при носење на одлуки, постојано се сомнева во себе, не е сигурна, ниту може да им верува на другите. Од друга страна копнее да се почувствува сакано и прифатено и нејзините постапки да бидат одобрени од некого.
Има само еден вистински пријател, Емил, кој е заедно со неа во сите предизвици со кои таа треба да се соочи. И покрај злото што ѝ е нанесено, Анисија успева да остане коректна, стравувајќи да ги покаже своите чувства и да ги искаже своите потреби.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed