Книга | Чудесната госпоѓица | Лорета Чејс


Цена:
ден 430

Description

Алистер Карсингтон навистина не сака како порано, тол- ку да ги обожува жените. За да им избега на своите најлоши навики, си замина далеку од цивилизацијата: во Дарбишир, и тоа во зима! Се надеваше дека таму со еден потег ќе заврши две нешта: дека ќе им побегне на сите свои пороци и дека ќе му се оддолжи на пријателот што му го спаси животот во бит- ката кај Ватерло. Но, и покрај овие чесни намери, Алистер се најде лице во лице со госпоѓица Мирабел Олдриџ, необичната повозрасна девојка што е своеглава и истовремено досетлива како него. Но и совршено неодолива. Мирабел Олдриџ веќе има полни раце работа, внимавајќи нејзиниот генијален и неверојатно ексцентричен татко да не падне во неволја. Најмалку што ѝ треба е исклучително привлечен, претерано чувствителен и премногу умен благородник што ќе ја потсети дека и таа има срце – а и тело за кое тој забележува дека е толку неугледно облечено што дури чувствува граѓанска должност да го соблече. Може ли да биде полошо? И зошто, она што е сосема погрешно речиси секогаш е толку чудесно?

„Восхитувачка книга од самиот почеток до крајот.“  Афер де кор „Волшебна историска романса.“ 

Мидвест бук ривју „Чудесната госпоѓица е духовита, шарматна и многу романтична книга. Исклучително интересна. Чејс е навистина една од најдуховитите писателки.“ 

Можеби би ве интересирало

Recently viewed