Книга | Бескорисен | Еџе Ердогуш


Цена:
ден 250

Description

Сè што ќе прочиташ во целост е фикција. Поврзаноста со реалноста може да е само заради присуството на чудни случајности во нашите животи. Исто така, слободно можам да кажам дека со истата случајност бев под влијание на некои филмови, романи и текстови на песни. „Животот е пат“ на Зинго Косовиќ, „Методи за осмислување на времето“ на Сабрина Алби, книгите „Бог е природа“ на Марвел Џозети, филмовите „Да се биде ништо“ и „Оние кои се откинале од историјата“ на Кени Бис и албумот на групата Ironic Melodies „A Lost Man on Earth“ се првите што ми паѓаат на памет... Оставам на вас да ги наведете другите...

Еџе Ердогуш е родена 1982 година во Бурса. Таа почнала да се интересира за театарот и пишувањето во текот на средното училиште, а дипломирала на Катедрата за драмски уметности на Факултетот за уметности при Универзитетот Јенитепе, а магистрирала компаративна книжевност. Одреден период глумела и работела како асистент за режија во театарот Ортаојункулар. Нејзини најпознати романи се „Бескорисен“ и „Прирачник за самоуништување“.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed