Книга | Алма и седумте чудовишта | Ирија Г. Паренте и Селене М. Паскуал


Цена:
ден 430

Description

Под креветот на Алма живеат седум чудовишта. Првото е ситно, ама нервозно. Второто чудовиште е тешко барем еден тон и од него на Алма секогаш ѝ се спие. Третото има огромни очи. Постојано ја набљудува. Затоа Алма не може да заспие. Четвртото е слатко и шарено и постојано ѝ го привлекува вниманието. Петтото е малечко, но исклучително убедливо и ја тера да се сомнева во сè. Шестото е тажно и постојано плаче. Седмото се храни со лутината на Алма и секој ден е сè поголемо и поголемо. Чудовиштата не се согласуваат баш најдобро. Понекогаш се караат и си пречат едно на друго. Но, имаат нешто заедничко: не сакаат за нив да се зборува. Бидејќи знаат дека можат да нè победат, само ако останат наша тајна. Немој да се грижиш, ова не е хорор приказна, иако во неа има стравови, мрак и чудовишта. Ова е поинаква приказна. Таа во која се запознаваме со чудовиштата за да им се спротивставиме. 

Ирија Г. Паренте (1993) и Селене М. Паскуал (1989) се шпански писателки по потекло од Мадрид и Виго. Својот прв роман „Хартиени латици“ (2012) го напишаа заедно и го објавија бесплатно на интернет. На тој начин успеаја да привлечат повеќе од 10.000 читатели. Романот ги поттикна да пишуваат и тие продолжија да творат. Во 2014 година го објавија романот „Алијанси“, првата книга од трилогијата „Приказни за полната месечина“. Популарниот шпански дневен весник El Pais го прогласи овој роман за една од најдобрите книги за млади во 2014, а во 2015 година, со истиот роман ја освоија наградата El templo de las mil puertas.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed