Книга | А Брисел може да се изоди лесно | Ненад Шапоња


Цена:
ден 300

Description

ШАПОЊА ПИШУВА КАКО ВИЕ ДА СТЕ БИЛЕ ТАМУ „Пред читателот е книга патописи што не се испушта од раце, иако не се знае точно што е – патопис на текот на свеста или нарачан јавен дневник. Оваа книга е поинаква, недофатлива, читателот го носи бучно како на дојдена река. Престојувајќи на сосема различни точки по земјината шир, Шапоња пишува како вие да сте биле таму. Неговата смисла за патување станува ваша смисла за читање. По менталната трага на Ембахадите од Црњански, тој ќе ве одведе токму во оние непознати простори што се тоа дури и кога изгледаат познати, веќе видени. Маскиран во издавач, овој наш поет, сосема во слава на книжевноста и нејзината смисла, движејќи се во светот, ни открива дека тој свет е битно поинаков од нашите доминантни стереотипи за него. Со отворени очи за невидливото, исто како и за сето она видливо и опипливо, Шапоња со својот пример всушност покажува како поетите ни го шират просторот на овој свет.“

Драшко Реѓеп „Книгата А БРИСЕЛ МОЖЕ ДА СЕ ИЗОДИ ЛЕСНО во форма на дневнички патописна проза содржи многу повеќе отколку што спомнатиот жанр традиционално навестува. Таа е своевидна наративно-новелистичка или ’романескна‘ текстура низ која читателот лесно може да плови како низ фикција, а не како низ строго реален, нефикциски материјал.“

Сава Дамјанов „Ненад Шапоња се занимава со воспоставувањето врски меѓу различните реалности, јазиците, државите и литерарните светови на свој трошок и за својот леб. 

- Малите подароци од другиот свет имаат голема тежина – вели тој на едно место. Тоа е точно и точно таков е секој од неговите записи!“ Владимир Пиштало 

Можеби би ве интересирало

Recently viewed