Серум за лице | Refan | Полжав | 50 ml


Цена:
ден 447

Description

Гел - концентрат, погоден за активен третман на кожа која почнува да старее.

Екстрактот од полжави ги стимулира клеточните функции, помага при регенерирањето на кожата и ги забавува процесите на стареење.

Начин на употреба – За посилен ефект, нанесете како основа врз чиста и сува кожа на лицето пред дневниот или ноќен крем. Може да се користи и самостојно.

Екстракт од полжави- ефикасно средство во борбата со стареењето

Во забрзаното секојдневие не забележуваме како се појавуваат првите мали брчки, опуштената кожа и загубата на хомогениот тен. За да го вратиме часовникот и да го забавиме стареењето на кожата, користиме различни средства. Едни од најефикасните се покажуваат овие, позајмени од природата. Таков е и екстрактот од полжави. Едно од неговите основни својства е да ја активира кожата. Неговите основни компоненти се:

  • Алантоин- ја хидрира кожата со повишување на содржината на вода во неа, го потпомага одделувањето на мртвите клетки и ги намалува воспаленијата
  • Колаген и еластин- ја подобруваат еластичноста на кожата и ги намалуваат фините линии
  • Гликолова киселина- ја ексфолира кожата
  • Хиалуронова киселина- го активира делењето на клетките и обновувањето на кожата, ги намалува брчките, придава форма на кожата која старее, ги хидрира ткивата во длабочина
  • Протеини- ја омекнуваат кожата
  • Витамин Е- моќен антиоксидант, ја заштитува кожата од слободните радикали

Богатството од активни компоненти во екстрактот од полжави ги стимулира клеточните функции, ја засилува синтезата на протеини и регенерирањето на кожата, го забавува стареењето.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed