Балсам за чистење лице со сува кожа | Rich Cleansing | 150 ml


Цена:
ден 545

Опис

Овој балсам, базиран на органски хидролат од Јапонска аралија, нежно и ефективно чисти, храни и хидрира, оставајќи ја кожата со чисто и удобно чувство.

Хидролат е коктел од концентриран витамин и микроелементи добиен од растенија преку процес на  дестилација.

Производите за лице, базирани на хидролати, обезбедуваат интензивна нега, оставајќи ја кожата мека и свиленкаста. Манџурската Аралија, уникатно адаптогено растение, рачно набрано во дивината е богато со витамин Б, Ц и флавоноиди.

Флавоноидите ја хранат сувата кожа, подобрувајќи го нејзиниот тон.

Органското сибирско масло од бор, е уникатен природен извор на полинезаситени масни киселини, витамин Е и Ф, кои што ја потхрануваат и омекнуваат кожата.

Хијалуронската киселина длабински ја хидрира кожата, и ги подобрува нејзината затегнатост и еластицитет.

Витаминот Е е моќен антиоксидант кој помага да се успори процесот на стареење на кожата.

20,7% состојки од органско потекло.

98,7% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно со стандардот COSMOS ORGANIC

Нанесете мала количина на вата, и нежно чистете ги лицето и вратот.

 

Можеби би ве интересирало

Recently viewed