Количка со корпа 2во1 | ABC Design Baby | MAMBA

Попуст 30%

Боја: Темно Кафеава
Цена:
ден 13,900 ден 19,990

Опис

  • Количка за бебе модел Мамба 2vo1 содржи: метална конструкција, спортско седиште и корпа за бебе.
  • Препорачано за деца од раѓање до 15 кг телесна тежина.
  • Лесна конструкција направена од високо-квалитетен алуминиум.
  • Спортско седиште кое може да го менува правецот на поставеност, према напред или пак према назад.
  • Пространа корпа за бебе со прозорче.
  • Подесива висина на наслон во 3 положби.
  • Сигурносни ремени со 5 позиции на подесување.
  • Рачка на количката со подесива висина во 3 позиции.
  • Потпирач за нозе подесив по висина.
  • Големи задни тркала кои може да се извадат и на тој начин да го олеснат пакувањето и транспортот.
  • Двојни предни тркала кои ротираат и лесно може да се извадат со притисок на копче.
  • Високо - квалитетен систем на амортизација.
  • Задна ножна кочница за обезбедување на количката на стрмнини.
  • Голема кошничка за ствари - шопинг.
  • Импрегниран водо-отпорен кров.
  • Тежина на количката со спортското седиште 13,2кг.
  • Тежина на количката со корпата за бебе - 13.6кг
  • Димензии на склопена количка : 83 x 66 x 35цм.

 

ABC Design количката MAMBA е резултат на иновативен дизајнерски тим од Германија, и е наменета за деца од раѓање до 15кг. Модерна, спортска и функционална количка која ќе ги воодушеви младите, урбани родители и ќе одговори на сите потреби на модерниот и динамичен живот. Активната амортизација заедно со лесната алуминиумска конструкција ќе овозможат лесно возење и управување на сите видови на терени. Големите задни тркала во комбинација со ротирачките предни тркала овозможуваат лесно маневрирање за време на возењето. Издигнатата задна осовина отвора повеќе простор за нозете за време на буткањето на количката. Благодарение на подесивиот наслон детето седи во положба која е благопријатна за рбетот. Кровот е импрегниран, изработен од водо-отпорен материјал и поседува прозорче кое му овозможува на детето да ја набљудува околината. Во пакетот добивате алуминиуска конструкција, корпа за бебе и спортско седиште со променлив правец на поставување т.е. може да се постави во правец на возењето или спротивно.

Количката поседува и потпирач за нозе кој е подесив по висина и бампер или заштитна преграда за детето која може да се вади. Рачката на количката е подесива по висина и родителот може да ја прилагоди на сопствените потреби. Сигурносните ремени за детето се подесиви во 5 точки зависно од просторните потреби согласно карактеристиките на детето и истите се меко поставени. Големата шопинг торба за ствари е нешто што секако ќе ги воодушеви мајките кои секогаш имаат потреба за повеќе простор за ствари. Материјалот со кој е обложена количката е од највисок квалитет и истиот може да се вади и да се пере. Тркалата со пренос на лагери за мазно возење може лесно, само со 1 притисок на копче да се извадат.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed