Книга | Ангелите од Москополе-Егзилот | Катја Максим


Цена:
ден 250

Опис

Во вториот роман од трилогијата „Ангелите од Москополе“, Катја Максим, од документите и сведоштвата на потомците на Власите што биле принудени да побегнат од разурнато, запалено и до темели опустошено Москополе (нивниот Ерусалим од 18. век), се отсликува нивниот живот и борба во егзил. Добар дел од случувањата во романот се одвиваат во Битола, Солун и Венеција, нивните први засолништа по големата трагедија за која се обидувале да ги известат европските дипломати, кои од своја страна пак, биле преокупирани со луксузни балови, љубов и неверства, со издигањето и падот на Наполеон и Француската револуција... Авторката и во овој роман сведочи и за големата љубов на Лиа Петреа и Коста Чегани, нивното континуирано школување и напорот влашкиот (ароманскиот) јазик, култура и историја да им ги претстават на најпознатите европски научници и интелектуалци во тоа време... Тука се преплетуваат судбините на некои од најславните Власи, како на богатиот и контроверзен трговец и банкар Симон Сина, на професорот и едно време ректор на академијата од Москополе Теодор Каваљоти, или славниот германски историчар и теолог Јохан Тунман...

Можеби би ве интересирало

Recently viewed