Книга | Не почна од тебе | Марк Волин


Цена:
ден 430

Опис

Депресија. Анксиозност. Хронична болка. Фобии. Опсесивни мисли. Доказот е убедлив: можно е корените на тие проблеми да се во траумите на нашите родители, баби и дедовци, дури и кај прабабите и прадедовците. Најновите истражувања потврдуваат дека трауматичните искуства се пренесуваат на идните поколенија и дека тоа емоционално наследство, скриено во сѐ ̶ од експресијата на гените до секојдневниот јазик, има многу поважна улога во нашето здравје отколку што досега се знаело. Врз основа на истражувањата на водечките стручњаци во областа на невронауките и посттрауматскиот стрес, Марк Волин осмисли пионерски пристап во идентификувањето и отстранувањето на тие наследени фамилијарни обрасци. Книгата „Не почна од тебе“ е пристапна, прагматичен и прескриптивен водич за методот што на илјадници луѓе им помогна да завладеат со сопствениот живот.

Книгата Не почна од тебе е преполна со приказни што ќе ви го сменат животот, моќни увиди и практични орудија за индивидуално исцелување, таа заслужува место на вашата полица за книги.
– Марк Матоусек, автор на делото „Ethical Wisdom“

Многу важна книга... Марк Волин е мудар и доверлив водич на патувањето кон исцелувањето.
– Д-р Тара Брак, авторка на делото „Радикално прифаќање и вистинско засолниште“

Смело, креативно и сочувствено дело.
– Шерон Салцберг, авторка на бестселерот на „Њујорк тајмс“ „ВИСТИНСКА СРЕЌА“

Можеби би ве интересирало

Recently viewed