Книга | Плодови на несониците | Србо Ивановски


Цена:
ден 300

Опис

Несоницата не е редок мотив во поетското творештво: таа има и свое физичко значење (пореметување на спиењето), но тука ни оддалеку не станува збор за тоа. Напротив. Поетскиот габарит на Србо Ивановски е таков што во него длабоко е врежано сознанието дека понекогаш е невозможно да се додржи сонот, ама и дека се сонува на јаве. Пишувајќи за несоницата, Србо Ивановски несомнено го имал пред очи и кажувањето на Иво Андриќ дека сите искушенија и сите страданија во животот можат да се мерат со силата и должината на несоницата. Но, и многу повеќе од тоа: го следел својот богат животен опит, за што живо
сведоштво се песните што следуваат. Ниту една од нив не е „измислена“, ами напротив, добро исферментирана низ поетскиот крвоток на авторот.
„Плодови на несониците“ се силна, восхитувачка потврда на поетското мајсторство на Србо Ивановски, имајќи ја предвид возраста и здравствената состојба на поетот, во кои се создадени овие возбудливи стихови со несомнена трајна вредност. Своевиден печат на творечката зрелост со која е исполнет секој збор од извонредно богатиот и разнолик опус на овој наш врвен автор.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed