Книга | Нишки до срцата | Наташа Брезовска-Богоевска


Цена:
ден 300

Опис

Наташа Брезовска-Богоевска не ѝ е непозната на македонската читателска публика досега, во својот творечки опус веќе има повеќе дела поезија и проза како за деца така и за возрасни, а повеќе пати нејзините раскази биле наградувани и забележувани како драгоцен придонес кон македонската белетристичка литература. Во оваа збирка раскази таа се пројавува како мајстор на кусиот прозен жанр, а големиот опус раскази зборува за нејзината посветеност на секој внимателно избран збор, лапидарноста на изразот зборува за високата креативност на авторката: со малку зборови да каже многу, да погоди токму во срцата и на пребирливата читателска публика и со интерес да се очекува секое нејзино следно остварување.
Нејзините раскази „Кукли“, „Спомени“, „Преку океанот“, „Спасување“ и многу други издишуваат човечки топол здив што е чуен и восприемлив за секој вистински читател, обременети со пораките: Назад кон природата!; Семејството е света работа!; Љуби го ближниот свој!; Верувај во моќта на љубовта! итн. На мошне сликовит и колоритен начин ни ги доближува токму овие трајни човечки вредности, кои не губат смисла и во овие луди времиња и зборуваат дека само со вистинска верба и истрајност се стигнува до вистината и токму тие моменти на топлина и грижа од најблиските се вистинска среќа за секој човек и сите животни несреќи и предизвици полесно се пребродуваат со вербата во доброто. Со секој нејзин расказ извира по една нишка до срцето на читателот.
Авторката верува во човекот, верува во неговата добрина, во неговата верба дека доброто со добро се враќа, па да ѝ веруваме и ние дека овие топли животворни редови се дел од нејзиното богато животно искуство, кое на најдобар можен начин го преточила во литературно дело вредно за читање и за паметење.
Проф. д-р Снежана Петрова-Џамбазова

Можеби би ве интересирало

Recently viewed