Книга | Шеќерната улица | Нагиб Махфуз


Цена:
ден 500

Опис

„Шеќерната улица“ е последниот роман од каирската трилогија на нобеловецот Нагиб Махфуз. Ова е епска, фамилијарна \nсага за колонијалниот Египет и светските книжевни критичари го сметаат за ремек-дело. Романите во каирската трилогија ги следат трите генерации на фамилијата на тиранинот и патријархален лик Ахмад Абд ал Џавад кој е на чело на фамилијата и е многу строг, додека на страна живее таен живот исполнет со задоволства. Махфуз во „Шеќерната улица“ ни ја опишува живописната слика за Египет, кој е во развој, сè до драматичната кулминација кога остарениот патријархален старешина дочекува неочекувана иднина на своите внуци. Исполнета со неизвесна драма, хумор и извонредна проникливост, каирската трилогија е уште едно маестрално дело на Махфуз и негово врвно достигнување како раскажувач. Нагиб Махфуз е роден на 11 декември 1911 година во Каиро, а умрел на 30 август 2006 година. Тој е египетски филозоф, романсиер и драмски писател. Во 1988 година тој стана првиот и засега единствен добитник на Нобеловата награда за литература од арапскиот свет.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed