Книга | Помогни ми | Асли Перкер


Цена:
ден 400

Опис

Асли Е. Перкер, авторката што на македонските читатели им е позната по романите „Гробот на џелатот“ и „Рецепт за осамени срца“, овој пат ни го довери романот „Помогни ми“, првпат објавен во 2015 година.
Психолошка, суптилна, длабоко емотивна фикција, што на моменти има елементи на љубовна романса. Главниот лик, писателката Асли, престојува во Австрија на меѓународен камп за писатели. Неодамна ја загуби најважната личност во својот живот, нејзината баба. Таму запознава една госпоѓа, за која, според нејзините искази, фото-албумите и другите елементи излегува дека има 130 години.
Дали оваа стара дама е бесмртна!?
Дали мачката во куќата каде што престојува е реинкарнираната верзија на нејзината баба. Во заднината на безбројните психолошки и морални дилеми се појавуваат и љубовта и љубомората.
А и прашањето дали Истанбул може да биде внимателен кон инвалидизираните лица како Виена?
И така, низ сторијата што се одвива како приказна во приказна, меѓу писателите што престојуваат во Австрија се шират остри препирки околу војните во Босна и поранешна Југославија.
Дали е оправдана еутаназијата? Колку пати човек може да биде убиец?
Овие и други дилеми Асли Перкер мајсторски ги спојува во прекрасна новела што е преведена на англиски, германски и на други јазици во светот.
„Не знам, многу сум среќен што ја открив Асли Перкер. Ме потсети малку на Алпер Џаниѓуз. Нејзините книги се полни со такви чудни, мистериозни работи и толку пријатни читање. Најмногу ми го привлече вниманието Рецепт за осамени срца,
дело преведено на 22 јазици.“ – Омер, Кроник Окур

Можеби би ве интересирало

Recently viewed