Книга | Виножито зад душата | Милан Јазбец


Цена:
ден 350

Description

Писателот Милан Јазбец, кој воедно е актуелен амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија, со префинет, лирски стил во изразувањето, вешто ги плете боите на виножитото во душата на главниот лик на оваа приказна – стариот и искусен словенечки дипломат, кој е воедно и познат писател, номиниран за Нобелова награда за книжевност. Или, како што ќе рече академик Луан Старова во предговорот на македонското издание на овој роман: „Тој ја сака и ја брани својата татковина далеку од неа, со сета своја интелектуална храброст и моќ, со сета емотивност и култура, со максимален напор да се разбере и сака другиот… Во целиот свој дотогашен живот, главниот лик сите свои искуства и кризи успешно ќе ги надминува со својот постојан modus vivendi – пишувањето и станува и автор на бестселер и добитник на Нобеловата награда…“ „Виножито зад душата“ е роман што не се пропушта. Роман што дури ќе посакате да го прочитате по втор пат.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed