Книга | Невидливи градови | Итало Калвино


Цена:
ден 315

Description

Книгата Невидливи градови е составена од единаесет циклуси за единаесет видови градови, кои не постојат во ниеден атлас на светот. Сите тие носат по едно женско име, а авторот во описот им пристапува претпазливо, нежно и внимателно, како да тргнува во додворување и освојување на некое живо „женско“ суштество. Со извонредна инвентивност, Калвино го развива својот омилен концепт на игра, на лудистичка конструкција, користејќи го како основа симболот на градот, варијациите во неговата архитектура и клопчето од човечки животи што се преплетува со неа.Замокот на вкрстените судбини е роман составен од кратки раскази обединети во два дела – Замокот на вкрстените судбини и Крчмата на вкрстените судбини. Во основата на романот се наоѓаат две групи патници кои поминувајќи низ една шума ја загубиле моќта да зборуваат. Едната група ја поминува ноќта во крчмата, а другата во замокот. Тие ја раскажуваат приказната за своите животи користејќи тарот-карти наместо зборови...

Можеби би ве интересирало

Recently viewed