Книга | Избрани дела | Вилијам Блејк


Цена:
ден 315

Description

Англискиот поет и уметник Вилијам Блејк (1757 – 1827) е автор кој за многумина и денес е загатка што треба да се одгатне, исто како што и за неговите современици бил тешко одгатлива загатка. Иако бил главно непризнат за време на својот живот, тој денес се смета за клучна фигура во историјата на поезијата и на визуелните уметности на раздобјето на романтизмот.

Блејковата лирика е единствена и ненадмината, таа нема свои претходници, како што долго време немаше ни свои последователи. Требаше да помине одредено време, за во XX век вистински да се открие силината и искреноста на неговиот лиризам од Песните на невиноста и на искуството, како и да се проникне во скритите значења на неговите химнички, митотворечки и епски „пророчки“ песни и книги, меѓу кои Венчавката на Рајот и Пеколот и Четирите Зои заземаат бележито место.

Неговиот потфат за мнозина може да биде донкихотски, но она што тој ни го остави во наследство е вербата во човекот, вербата во неговата имагинација и креација, вербата во неговата способност да создава – со помош на уметноста – нови и подобри светови.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed