Книга | Ајванхо | Валтер Скот


Цена:
ден 500

Description

Романот Ајванхо од шкотскиот писател, драматург и поет, сер Валтер Скот, претставува репрезентативен пример за историска фикција. Дејството на романот, објавен во 1819 година, е сместено на крајот од XII век.

Во Ајванхо Скот се фокусира на важен момент од британската историја, поврзан со етногенезата на британската нација и оформување на англискиот литературен јазик. Авторот умешно го презентира сето ова, фокусирајќи се на етничкиот судир меѓу Саксонците и Норманите, во моментот кога англиското благородништво во најголем дел го сочинуваат Норманите, што значи дека саксонското благородништво веќе ја има изгубено моќта и полека исчезнува од фокусот на политичката и општествената сцена.

Скот го негува култот типичен за добата на романтизмот, кој се фокусира на поединецот и на идеалот за херојството и витештвото. Како бунтовник и херој, поединецот е тој што се бори против општеството за да ги одбрани луѓето кои се неправедно обвинети и да ја спроведе правдата. Токму таков јунак е Ајванхо, кој учествува во витешка борба за да ја спаси својата исцелителка Ребека.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed