Книга | Поставете граници, пронајдете мир | Недра Гловер Таваб


Цена:
ден 430

Description

Сите знаеме дека треба да имаме здрави граници за да ги усогласиме работата и приватниот живот, да излеземе на крај со токсичните луѓе и да уживаме во квалитетните односи со партнерот, пријателите и семејството. Меѓутоа, што навистина значат „здравите граници“ – и како успешно да ги покажеме своите потреби, како да знаеме кога треба да кажеме „не“ и да настапиме решително, а притоа да не го повредиме соговорникот?
Авторката Недра Гловер Таваб, експертка за врски и една од највлијателните психолози на Инстаграм, ни го објаснува тој сложен проблем на денешното општество. Во книгата ни претставува едноставни, а истовремено ефикасни начини за поставување здрави граници во сите животни области. Предлага да користиме техники втемелени врз основа на најновите истражувања и најуспешните методи, што се применуваат во когнитивно-бихевиоралната терапија. На тој начин ќе ги одредиме и изразиме своите потреби јасно и без извинување. Ќе ги решиме главните проблеми што се кријат зад козависноста, одмерувањето на силите, анксиозноста, депресијата, преголемиот напор на работа и многу други проблеми што се појавуваат. Авторката ни дава јасни упатства како отворено да зборуваме за своите потреби и да уживаме во слободата што ни ја пружа природното однесување.

„Без здрави граници не сме способни да живееме живот каков што сакаме. Оваа книга е вистински водич за дефинирање на очекувањата и на личните граници што ни помагаат да живееме спокоен живот и да бидеме почитувани и реализирани како што заслужуваме.“
д-р Скот Бари Кауфман

Можеби би ве интересирало

Recently viewed